Според информациите, гори сува трева со густи грмушки и нискостеблеста шума, а на местото е екипа на гевгелиската противпожарна единици и на доброволното противпожарно друштво од Дојран
Од регионалниот центар на ЦУК во Струмица доцна попладнево стигнало известување дека избувнал пожар на отворено кај селото Ѓопчели во близина на Дојран, информираат од Центарот за управување со кризи.
Според информациите, гори сува трева со густи грмушки и нискостеблеста шума.
На терен веднаш излегла екипа на гевгелиската Територијалната противпожарна единица со едно возило и двајца пожарникари. Ним им се придружиле и тројца пожарникари со едно возило од доброволното противпожарно друштво од Дојран.
Од Центарот за управување со кризи веднаш биле известени Дирекцијата за заштита и спасување во Гевгелија, Општина Дојран и Регионалниот центар за управување со кризи во Гевгелија.
Како што информираат од ЦУК, командирот на гевгелиските пожарникари се упатил на местото на пожарот и по проценката на ситуацијата на терен се очекува да извести дали има потреба од ангажирање на дополнителни сили.