Активни пожари има на територија на општините Дебар, Куманово и Пехчево. Еден пожар е ставен под контрола, а четири се изгаснати
До 14 часот попладнево на територија на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од нив три се активни, еден е под контрола, а четири пожари се изгаснати.
Активни пожари има во Општина Дебар, кај село Гари, каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума, во Општина Куманово, конкретно во населбата Перо Чучо, каде што е опожарена депонија и ниска вегетација, а третиот пожар е регистриран на територија на Општина Пехчево каде што гори депонија.
Пожарот ставен под контрола е на депонија во село Дворци во Општина Пласница. Изгаснатите пожари се на тертироија на општините Валандово, Гази Баба, Старо Нагоричане и Врапчиште, каде што била зафатена ниска вегетација.
