Под контрола е ставен пожарот во Општина Демир Хисар, кај Плакенска Планина, над село Вирово. Со пожарот била зафатена ниска вегетација и сува трева, информираат од ЦУК
Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало вкупно десет пожари на отворен простор, од кои девет се изгаснати и еден е ставен под контрола, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под контрола е ставен пожарот во Општина Демир Хисар, кај Плакенска Планина, над село Вирово. Со пожарот била зафатена ниска вегетација и сува трева, информираат од ЦУК.
Изгаснати се пожарите во Општина Радовиш, кај месноста викана Рудина чешма, во Општина Градско, кај село Долно Врановци, во општина Струга, кај селата Ново Село и Татеши и кај селото Октиси – Долна Белица. Изгаснати се пожарите во Општина Тетово кај новиот стадион, во Општина Гостивар, кај населбата Млаки и во Општина Врапчиште, кај село Градец.
Од Скопскиот Регион изгаснати се пожарите во општина Студеничани кај село Пагаруша и во Општина Чаир, на улица „Серава“, каде што горело ѓубре.