Пожарот, што попладнево избувна во Руѓинце се префрли во Бељаковце. Беше зафатена поголема површина на стрништа, сува трева, шума, изгоре помошен објект и напуштена куќа
Пожарот кај Бељаковце е изгаснат, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Пожарот е ставен под контрола. На некои изолирани места се уште гори, до раните утрински часови ќе бидат изгаснати, но нема да има потреба од воздухоплови на ова подрачје“,
изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Пожарот, што попладнево избувна во Руѓинце се префрли во Бељаковце. Беше зафатена поголема површина на стрништа, сува трева, шума, изгоре помошен објект и напуштена куќа.
Покрај хеликоптерот на МВР, пожарот го гасеше „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување како и противпожарни екипи на неколку општини, Старо Нагоричане, Куманово, Кратово и Ранковце.