Пожарот е до првите куќи во Бељаковце, изгореа една стара напуштена куќа и една дрвена плевна, авионите на ДЗС и хеликоптерот на МВР значително помогнаа
Голем пожар попладнево изби во атарот на с. Руѓинце, Општина Старо Нагоричане.
Ненадејниот силен ветер брзо го раширил пожарот поради што е изгубена почетната контрола врз него, информира првиот човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
„Побарав прогноза од УХМР, но ме известија дека не се очекува дожд во тој регион. Поради загрозувањето на куќи и викендици и брзото ширење на пожарот поради силниот ветер, ангажиран е еден полициски хеликоптер и еден ‘ертрактор“ на ДЗС“,
соопшти Ангелов.
Засега нема изгорени куќи, додава тој.
„Пожарот е до првите куќи во Бељаковце, изгореа една стара напуштена куќа и една дрвена плевна, авионите на ДЗС и хеликоптерот на МВР значително помогнаа“,
напиша Ангелов на Фејсбук.