Пожарот во Прилепско е на местото викано „Маркова Чешма“, додека во општина Василево ниска вегетација гори во селото Нова Маала
До 18 часот денеска на територијата на државата се регистирани вкупно седум пожари, од кои два и понатаму се активни, додека останатите пет се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има на подрачјата на општините Прилеп и Василево, каде гори ниска вегерација. Пожарот во Прилепско е на местото викано „Маркова Чешма“, додека во општина Василево ниска вегетација гори во селото Нова Маала.
Според ЦУК, пожар на депонија е изгаснат во струмичкото село Банско, а во општина Штип надлежните се справиле со огнот кај населбата „Св. Недела“, каде горела ниска вегетација и борова шума. Останатите пожари кои се изгаснати биле на териториите на општините Прилеп, Липково и Струга каде горела ниска вегетација.
