Според ЦУК, под контрола се два пожара – во Општина Кратово кај селото Железница и во Општина Делчево на депонијата

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, два се под контрола, а 13 се изгаснати.
На територија на Општина Студеничани активни се два пожари – оној кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде што гори мешана шума и кај селото Батинци каде што гори ниска вегетација. Во Општина Зелениково гори кај селото Палиград, а зафатени се ниска вегетација и шума. Во Општина Македонски Брод и натаму е активен пожарот кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица каде што горат ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Гори и на територија на соседните општини Велес и Зелениково кај селото С’лп, месноста Горно Село, со проширување кон селата Карабуњиште, Бузалково, Добрино и Тисовица. Таму горат ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума. Во Општина Јегуновце активен е пожарот кај селата Копанце и Туденце со проширување кон селото Бојане кое е во Општина Сарај, гори мешана шума. Активен е и пожарот во Општина Прилеп кај селото Чаниште каде што гори ниска вегетација.
Според ЦУК, под контрола се два пожара – во Општина Кратово кај селото Железница и во Општина Делчево на депонијата.
ЦУК информира за локациите на изгаснатите пожари:
Општина Куманово: с. Табановце – м.в. Сланиште (ниска вегетација).
Општина Крушево 1: с. Алданци и с. Норово (ниска вегетација и нискостеблеста деградирана дабова шума).
Општина Крушево 2: с. Борино и с. Житоше (ниска вегетација и деградирана дабова шума).
Општина Прилеп: место викано Точила (ниска вегетација и жито).
Општина Долнени: с. Врапче и с. Бело Поле (ниска вегетација).
Општина Битола: с. Кажани (ниска вегетација).
Општина Ресен: кај фармата во Ресен (садници од јаболка).
Општина Штип: нас. Балканска (ниска вегетација).
Општина Желино: с. Церово (ниска вегетација, грмушки и нискостеблеста шума).
Општина Дојран: с. Фурка (ниска вегетација и капини).
Општина Струга: с. Делогожда (ниска вегетација).
Општина Росоман: с. Росоман (депонија).
Општина Студеничани: патот од с. Количани кон с. Пагаруша (ниска вегетација и ѓубре).
