Според податоците на ЦУК, заклучно со 7:30 часот утрово, меѓу активните пожари се и оние на потегот меѓу селата Бела Црква и Подмочани во Општина Ресен, каде гори борова шума и ниска вегетација, како и меѓу селата Копаница и Радуша во Општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација
На територијата на државата во изминатото деноноќие биле регистрирани 24 пожари на отворен простор, од кои седум сè уште се активни, еден е ставен под контрола, додека останатите 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) во утринскиот пресек за состојбата со огнентите стихии во земјава.

Според податоците на ЦУК, заклучно со 7:30 часот утрово, активни се пожарите на потегот меѓу селата Бела Црква и Подмочани во Општина Ресен, каде гори борова шума и ниска вегетација, како и меѓу селата Копаница и Радуша во Општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација.
Активни пожари има и над селото Палиград во Општина Зелениково, над селото Нежилово на месноста „Сватови“ во Општина Чашка, кај селото Урвич во Општина Боговиње, кај селото Градец во Општина Врапчиште и кај селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод.
Под контрола е ставен пожарот што се протега од реонот на селото Трново во Општина Гостивар кон селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод, каде беа зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.
Во меѓувреме, целосно се изгаснати 16 пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои во општините Илинден, Ѓорче Петров, Прилеп, Долнени, Ресен, Богданци, Струга, Делчево, Старо Нагоричане, Јегуновце, Тетово, Брвеница, Врапчиште и Маврово-Ростуше. Според ЦУК, на овие места претежно горела ниска вегетација, но во дел од оган била зафатеа и борова и дабова шума.
