Од Црвениот крст велат дека согласно обемот и интензитетот на настанатата катастрофа потребна е дополнителна помош и поддршка
Десет илјади евра првична помош за настраданото население во поплавите во Босна и Херцеговина ќе испрати македонскиот Црвен крст.
Како што информираат оттаму, средствата се издвоени од резервите, а освен тоа веќе стапиле во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина и согласно нивната проценка на потреби, им понудиле помош во материјално-технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите.
„Црвениот крст на Босна и Херцеговина ги активираше сите расположливи капацитети, со цел спречување и ублажување на човековото страдање и заштита на животот, здравјето и човечкото достоинство. Согласно обемот и интензитетот на настанатата катастрофа потребна е дополнителна помош и поддршка“,
велат од македонскиот Црвен крст.
Од Црвениот крст упатуваат апел до населението да ја покажат солидарноста и да им се помогне на настраданите. Објавени се и сметките и телефонските броеви на кои сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош.
- Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настрадано население од поплавите во БиХ
- како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски телеком и А1.
- За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X