Црногорската полиција уапси вработен во Здравствениот дом во Подгорица кој преку апликацијата „Вибер“ споделувал податоци за заболени од ковид-19, соопшти синоќа Основното јавно обвинителство во Подгорица.
Како што објави РТЦГ, лицето М.Р., како службено лице задолжено за податоци за пациенти со ковид-19, преку апликацијата „Вибер“, ги доставувало овие информации на други лица.