Црна Гора од следната недела ги отвора границите за туристи, најави премиерот Здравко Кривокапиќ по посетата на Грција.
„Овој ден е симболичен, бидејќи Грција е отворена за сите туристи. Продавници, ресторани и хотели почнаа со работа, што укажува на важноста на силната врска што треба да ја следиме, бидејќи нашите протоколи се слични, приодите се приближни исти и Црна Гора ќе ги отвори сите граници за туристите следната недела, со најважниот збор – Добредојдовте на црногорското приморје“,
изјави Кривокапиќ.