Новите рестрикции се воведуваат поради исклучително распространетиот локален пренос, големиот број хоспитализирани и огромниот притисок врз здравствениот систем
Институтот за јавно здравје на Црна Гора предложи воведување дополнителни мерки за да се спречи ширење на новиот коронавирус поради исклучително распространетиот локален пренос, големиот број хоспитализирани и огромниот притисок врз здравствениот систем. Мерките влегуваат во сила од денеска.
„Усвоените мерки ќе обезбедат да го спречиме интензивното ширење на епидемијата во првата половина на октомври и да ги зачуваме здравјето и животот на населението“,
наведува од ИЈЗ и апелираат граѓаните да ги почитуваат доследно мерките.
Од денеска до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите на коронавирус во Никшиќ, Беране и Андријевица, ќе има полициски час од 22 до 5 часот наутро, а работата на угостителските објекти и домашните посети ќе бидат забранети.
Во Рожај е забранета работа на угостителските објекти и одење на гости.
Во Котор, Будва, Подгорица и Плевља, од 28 септември до 12 октомври, угостителските објекти ќе имаат право да работат само до 22 часот.
*Поврзани вести:
Мадрид да биде под рестрикции за заштита од ковид, побара шпанскиот министер за здравство
Граѓаните се опуштија и не ги почитуваат мерките – ако е нужно, ќе има и рестрикции во движењето
Грција најави рестрикции во општините каде што расте бројот на заболени од ковид-19