На видеото е прикажан човек кој би требало да претставува руски функционер како шета низ град во Русија. Во заднина на видеото говори машки глас кој на руски јазик кажува дека „властите ја искривуваат вистината“, а потоа влегува во зградата на руската влада
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), која се обидува да регрутира што е можно повеќе шпиони во Русија, објави видео во кое апелира до властите во Москва да ја кажат вистината за рускиот систем.
Агенцијата на социјалните мрежи објави видео на руски јазик со наслов „Зошто стапив во контакт со ЦИА – заради себе“. На видеото е прикажан човек кој би требало да претставува руски функционер како шета низ град во Русија. Во заднина на видеото говори машки глас кој на руски јазик кажува оти „властите ја искривуваат вистината“, а потоа влегува во зградата на руската влада.
„На сите упорно им велев дека искривувањето на вистината во извештаите е бескрупулозно. Порано верував дека вистината има некоја вредност“,
вели гласот кој на руски јазик оди во заднина на видеото.
„Оние околу вас можеби нема да сакаат да ја слушнат вистината. Но, ние сакаме“,
се вели во видеото.
Почему я пошел на контакт с ЦРУ: Ради себяhttps://t.co/mhQbzet5X2 pic.twitter.com/OpOHh1PQ92
— CIA (@CIA) September 7, 2023
Видеото потоа детално опишува како да стапите во контакт со ЦИА со седиште во Ленгли, Вирџинија, САД.
Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, во јули годинава изјави дека незадоволството кај некои Руси поради војната во Украина создало ретка можност за регрутирање шпиони.