Фјучерсите за сурова нафта „брент“, глобалниот референтен показател, пораснаа за 5,8 отсто, достигнувајќи 76,2 долари за барел. Американската сурова нафта ВТИ поскапе за 2,75 отсто и се тргува по 72,38 долари за барел
Според анализите на Ројтерс, оваа ситуација е потсетник за пазарот колку е кревок транзитот низ теснецот, како и дека новата ескалација е спротивна на очекувањата дека пазарот може да се соочи со прекумерна понуда на нафта
Цените на нафтата забележаа значителен раст откако Соединетите Американски Држави (САД) започнаа нови напади врз Иран, како одговор на нападите врз комерцијални бродови во близина на Ормускиот Теснец, пренесува Си-ен-ен.
Во меѓувреме, Вашингтон го укина ослободувањето од санкции за извозот на иранска сурова нафта, што дополнително ја зголеми неизвесноста на пазарите.

Фјучерсите за сурова нафта „брент“, глобалниот референтен показател, пораснаа за 5,8 отсто, достигнувајќи 76,2 долари за барел. Американската сурова нафта ВТИ поскапе за 2,75 отсто и се тргува по 72,38 долари за барел.
Растот на цените следи по информациите дека Иран погоди три брода во близина на Ормускиот Теснец – катарски танкер за течен природен гас, саудиски танкер за нафта и танкер под либериско знаме.
Иранските медиуми објавија дека катарскиот брод е погоден откако ги игнорирал повторените предупредувања.
Како одговор, американските сили извршија напади врз повеќе цели во Иран, вклучувајќи системи за воздушна одбрана, командни и контролни мрежи, крајбрежни радарски позиции, капацитети за противбродски ракети, како и повеќе од 60 мали пловила на Исламската револуционерна гарда во и околу Ормускиот Теснец, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТЦОМ).
Иран возврати со напади врз американски воени бази во Бахреин и Кувајт, што дополнително ја нагласи нестабилноста на прекинот на огнот постигнат минатиот месец.
Според анализите на Ројтерс, оваа ситуација е потсетник за пазарот колку е кревок транзитот низ теснецот, како и дека новата ескалација е спротивна на очекувањата дека пазарот може да се соочи со прекумерна понуда на нафта.
Во меѓувреме, дипломатската реторика меѓу Вашингтон и Техеран останува затегната.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека САД или ќе постигнат договор со Иран или ќе ја завршат работата.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи порача дека преговори за траен мировен договор нема да започнат доколку продолжат заканите.
