Степенот до кој Израел и Иран се придржуваат до објавените услови за прекин на огнот ќе игра значајна улога во одредувањето на цените на нафтата
Цените на нафтата паднаа за речиси пет отсто откако Израел се согласи на прекин на огнот со Иран по речиси две нели од почетокот на конфликтот, пренесува Би-би-си.

Суровата нафта од типот брент, меѓународната референтна вредност за цените на нафтата, падна на 68 долари за барел, што е под нивото на кое беше кога Израел на 13 јуни лансира ракети врз нуклеарните постројки на Иран.
Последните денови цените на нафтата пораснаа бидејќи постоеше загриженост дека Иран би можел да ги наруши глобалните испораки со блокирање на Ормутскиот Теснец, клучен превозен пат за нафта и гас.
Моментната цена е сè уште далеку под просекот од околу 80 долари за барел, колку што изнесуваше во текот на 2024 година.
Берзите во Азија пораснаа откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи дека прекинот на огнот е на сила, по што Израел потврди дека се согласил на овој потег.
Цените на нафтата скокнаа на дури 81 долар за барел откако започнаа ракетните напади, поттикнувајќи стравувања дека трошоците за живот би можеле да се зголемат како што растат бензинот, дизелот и деловните трошоци.
„Доколку прекинот на огнот се почитува како што е најавено, инвеститорите би можеле да очекуваат враќање на нормалноста кај нафтата“,
рече Пријанка Сачдева, виш аналитичар на пазарот на „Филип Нова“.
Сепак, според него, степенот до кој Израел и Иран се придржуваат до објавените услови за прекин на огнот ќе игра значајна улога во одредувањето на цените на нафтата.
Акциите на Јапонија „Никеи“ пораснаа за 1,1 отсто, додека акциите на Хонгконг „Ханг Сенг“ пораснаа за 2,1 отсто.
Иран е третиот најголем производител на сурова нафта во ОПЕК, а олеснувањето на тензиите ќе му овозможи да извезува повеќе нафта и да спречи прекини на снабдувањето.
Блискоисточниот конфликт ги зголеми глобалните цени на енергијата, а доколку тој продолжи би имало последователен ефект врз цените на бензинот.
Неодамнешните зголемувања на цените на нафтата доведоа до стравувања дека зголемените трошоци за енергија би можеле да направи поскапување на цените и на храната низ целиот свет.
Тоа се случи откако Русија ја нападна Украина пред три години.