Суровата нафта од типот „брент“ порасна за 3,21 долар, односно 3,1 отсто, достигнувајќи 107,82 долари за барел. Американската сурова нафта „WTI“ забележаа раст од 3,17 долари, или 3,2 проценти, достигнувајќи 103,22 долари за барел

Цените на нафтата денеска се повисоки за повеќе од 3 отсто и достигнаа над 100 долари за барел. Скокот доаѓа по новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија и иранските напади врз бродови во Заливот кои ги засилија стравувањата за снабдувањето, а се надоврзуваат на претходното затворање на еден клучен саудиски нафтовод.
Суровата нафта од типот „брент“ порасна за 3,21 долар, односно 3,1 отсто, достигнувајќи 107,82 долари за барел. Американската сурова нафта „WTI“ забележаа раст од 3,17 долари, или 3,2 проценти, достигнувајќи 103,22 долари за барел.
Според наводите на саудиските власти, нафтоводот „Исток-Запад“ бил привремено затворен по напад со беспилотно летало. Затворањето на овој нафтовод, кој ѝ овозможува на Саудиска Арабија да го заобиколи Ормускиот Теснец и да го пренасочи својот извоз, претставува закана за до 4 отсто од глобалното снабдување со нафта.
Ројтерс пишува дека според информациите од три извори од индустријата запознаени со извозот на Саудиска Арабија, бидејќи нафтоводот не е во функција, терминалот во Јанбу располага со доволно залихи за да го покрие извозот за само пет до седум дена.
Цената на нафтата минатата недела порасна за 8 отсто поради прекините во снабдувањето, надминувајќи го нивото од 100 долари за првпат од јули.
