На „Меџитлија“, при контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички, беше откриен медицински ехо-апарат со сонда, со вкупна вредност од 217 710 денари
Седумнаесет пара копачки „најк“ и „адидас“, музички инструменти, очила, тротинети, пегли, ранци, сандали, индукциска печка за топење благородни метали, платно во должина од 7 557 метри се дел од заплената на Царинската управа.
Копачките биле запленети на ГП „Табановце“. На „Деве Баир“ при контрола на автобус што сообраќа Турција-Косово биле откриени непријавени 894 парчиња облека, 125 парфеми и 7 тоалетни води, скриени под душекот на возачите.
На граничниот премин „Меџитлија“ при контрола на автомобил со бугарски регистрации бил откриен медицински ехо-апарат со сонда, со вкупна вредност од 217 710 денари.
На „Богородица“ царински службеници при контрола на товарниот дел од камион со босански регистарски таблички пронашле 15 илегални мигранти од Кина.
Против сите сторители се поведени прекршочни постапки, а запленетата стока е задржана во Царинската управа.