Со ова ја прекинуваме праксата со која за кредит од 10 000 денари граѓаните досега враќаа и по 70 000 денари, велат од СДСМ
Собранието денеска ги усвои законските измени со кои се намалуваат вкупните трошоци за брзите кредити.
Од владејачкиот СДСМ велат дека го прекинуваат т.н. „должничко ропство“, со тоа што вкупните трошоци за земениот кредит нема да можат да бидат поголеми од основниот долг.
„Со усвоените измени на Законот за финансиски друштва, вкупните трошоци на земен т.н. брз кредит не може да бидат поголеми од 60% од кредитот. Со ова ја прекинуваме праксата со која за кредит од 10 000 денари граѓаните досега враќаа и по 70 000 денари“,
велат од СДСМ.