Три лица се приведени синоќа во Скопје поради поседување марихуана, соопшти МВР.
На улицата „Горно Лисиче“ околу полноќ полициски службеници лишиле од слобода 21-годишено момче од Теарце со иницијали А.Н. откако кај него била пронајдена марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од Министерството за внатрешни работи.
Околу 1 часот по полноќ, пак, на улицата „Женевска“ лишен од слобода бил Б.П. (23) и тој поради поседување марихуана. И за него по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во третиот случај, во 2.10 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.И. (28) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. И за него од МВР најавуваат соодветен поднесок по целосно документирање на случајот.