„Во 5 часот и 43 минути е пријавена сообраќајка меѓу три возила. Се работи за ‘хјундаи‘, ‘шевролет‘ и ‘кија‘, сите со скопски регистарски таблички. Има едно повредено лице“, информира МВР
Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа што утрово се случи на раскрсницата кај „Мајчин дом“ во скопски Аеродром, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Оттаму велат дека три возила се судрија на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.
„Во 5 часот и 43 минути е пријавена сообраќајка меѓу три возила. Се работи за ‘хјундаи‘, ‘шевролет‘ и ‘кија‘, сите со скопски регистарски таблички. Има едно повредено лице“,
изјавија од МВР.

Повеќе детали, полицијата најави дека ќе бидат соопштени во текот на денот.