Се работи за возила на двајца сопственици од Скопје и еден од Крива Паланка. Засега нема информации за причините
Три автомобили изгореле рано утрово на паркинг во скопската населба Аеродром.
Според МВР, во 01.50 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, на паркинг, горат три возила. Полициски службеници кои излегле на самото место констатирале дека станува збор за патничките возила „БМВ”, сопственост на Р.М.(47) од Скопје, „форд фиеста”, сопственост на Д.Ѓ.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, и „КИА”, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ј.(60) од Крива Паланка.
Била повикана Бригадата за противпожарна заштита која го изгаснала пожарот, а нема повредени , се вели во полицискиот билтен. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.