Претходно, косовски државјанин во 13:40 часот во Полициската станица Бит Пазар пријавил дека три лица се исчезнати, бидејќи последен контакт имал со нив претходниот ден околу 22:15 часот, кога тие биле на аеродромот во Скопје
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека на патот Блаце-Скопје е пронајдено превртено возило „мерцедес” со германски национални ознаки. Пријавата во полиција стигнала синоќа околу 22:35 часот по што полициски службеници се упатиле на местото на настанот.
„Утврдено е дека во возилото има тројца починати – едно машко и две женски лица. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош“,
велат од МВР.

Претходно, косовски државјанин во 13:40 часот во Полициската станица Бит Пазар пријавил дека три лица се исчезнати, бидејќи последен контакт имал со нив претходниот ден околу 22:15 часот, кога тие биле на аеродромот во Скопје.
