Обезбедувањето на станицата успеало да го совлада напаѓачот и да ѝ го предаде на полицијата. Тој при апсењето приложил италијанска возачка дозвола
Едно лице е потешко, а две се полесно повредени откако напаѓач ги избол со нож изутринава на железничката станица Лион во југоисточниот дел на Париз, јави ДПА.
Трите лица биле избодени во чекалната на подземното ниво на станицата.
Обезбедувањето на станицата успеало да го совлада напаѓачот и да ѝ го предаде на полицијата. Тој при апсењето приложил италијанска возачка дозвола.
Мотивите за нападот засега се нејасни.
Поради нападот, дел од станицата во Лион привремено била затворена, а железничкиот сообраќај бил во прекин.
Според првичните сознанија од истрагата, не станува збор за теростички чин, а напаѓачот е лице со психички проблеми, соопшти француската полиција.
Напаѓачот, државјанин на Мали, е со пријавен статус во Италија од 2016 година и кај него е пронајден валиден документ издаден во 2019 година.
Полицискиот началник Лоран Нуњез во изјава за медиумите на железничката станица Лион каде што се случи нападот, кажа дека напаѓачот страда од психички проблеми и дека му биле пронајдени лекови.