Во интервју за Канал 5, Филипче признава дека оваа ситуација во смисла на ширење на вирусот е нешто што досега сме го немале и дека од 50-тина случаи на кои е направен скрининг во изминатите денови, две третини отпаѓаат на делта сојот, а една третина на британскиот сој што значи дека овој сој е подоминантен
Трета доза вакцина против ковид ќе има кај нас и препораката на Комитетот за имунизација согласно ставовите на Американскиот центар за контрола на болести е да се вакцинираат тие на кои им е потребна дополнителна заштита- пациенти кај кои е извршена транспалантација и тие кои се на хронична дијализа. Третата доза не мора да е од истиот производител како прите две, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Во интервју за Канал 5, Филипче признава дека оваа ситуација во смисла на ширење на вирусот е нешто што досега сме го немале и дека од 50-тина случаи на кои е направен скрининг во изминатите денови, две третини отпаѓаат на делта сојот, а една третина на британскиот сој што значи дека овој сој е подоминантен.