Американскиот претседател Доналд Трамп преку неговиот Твитер-налог ја искритикува Светската здравствена организација (СЗО), обвинувајќи ја дека била премногу лабава кон Кина на почетокот на епидемијата и дека и давала лоши совети.
„СЗО навистина ја утна работата. Од некоја причина најмногу е финансирана од САД, но и натаму најмногу е насочена кон Кина. Добро ќе ја проучиме. За среќа го отфрлив советот на СЗО да ги оставиме границите отворени кон Кина. Зошто ни дадоа толку погрешна препорака?“,
напиша Трамп на Твитер.
