Тој додава дека под администрацијата на Трамп „нема да има подобро место на Земјата за да се отворат работни места, да се градат фабрики или да се развива компанија отколку овде во старите добри САД“
На прашање дали САД под негово водство ќе гарантираат снабдување со гас во Европа, Трамп одговори потврдно

Компаниите мора да ги произведуваат своите производи во САД или ќе се соочат со царини, изјави американскиот претседател Доналд Трамп обраќајќи се пред Светскиот економски форум во Давос, што беше негов прв голем јавен настап откако беше инаугуриран.
Трамп, говорејќи линковски од Вашингтон пред присутните во Давос, Швајцарија, ги повика компаниите да ги прават нивните производи во Америка, ветувајќи им дека ќе имаат најниски даноци.
„Но, ако не го произведувате вашиот производ во Америка, што е ваше право, тогаш многу едноставно, ќе треба да платите тарифа, различни износи, но тарифа, која ќе насочи стотици милијарди долари, па дури и трилиони долари, во нашиот трезор за да ја зајакнеме нашата економија и да го платиме долгот“,
вели Трамп, пренесува „Гардијан“.
Тој додава дека под администрацијата на Трамп „нема да има подобро место на Земјата за да се отворат работни места, да се градат фабрики или да се развива компанија отколку овде во старите добри САД“.
Во својот говор, Трамп додаде дека верува оти пониските цени на нафтата ќе помогнат веднаш да се стави крај на војната во Украина.
„Исто така, ќе побарам од Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата. Ако цената се намали, руско-украинската војна веднаш ќе заврши. Во моментов цената на нафтата е доволно висока за војната да продолжи“,
рече тој.
Трамп од Брајан Мојнихан, извршен директор на Банката на Америка, беше прашан околу „бранот одлуки“ што претседателот ги донел за имиграцијата и трговијата и праша како тоа ќе влијае на амбицијата на претседателот да го зголеми растот на БДП и да ја намали инфлацијата.
Трамп во одговорот рече дека ќе ги намали корпоративните даноци на 15 отсто за компаниите кои ги произведуваат нивните производи во САД и додаде дека тоа ќе создаде огромен интерес.
На прашање дали САД под негово водство ќе гарантираат снабдување со гас во Европа, Трамп одговори потврдно.
„Дефинитивно би направиле енергетски договор со Европа“,
вели Трамп.
Тој ја истакна важноста на американските испораки на ЛНГ (течен природен гас) за Европската унија.
Соединетите Американски Држави се веќе главниот снабдувач на ЛНГ за 27-те членки на ЕУ, а нивната улога се очекува да расте уште повеќе, пренесува хрватски „Индекс“.
Американскиот претседател на неговата инаугурација пред три дена соопшти дека дека новата администрација во Вашингтон би можела да воведе високи царини за главните трговски партнери Канада, Мексико и Кина, веднаш на 1 февруари.
Тој, исто така, потпиша низа извршни наредби, повлекувајќи ги САД од Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација.