Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека направил тест за коронавирус и ги очекува резултатите, јавува британскиот медиум „Индипендент“.
Трамп се ракуваше со голем број луѓе во текот на неделата на прес-конференција, спротивно на санитарните препораки.
Белата куќа соопшти денеска дека ќе ја мери температурата на „сите во близок контакт“ со американскиот претседател Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, како мерка на претпазливост против ширењето на Ковид-19.
Минатиот викенд Трамп беше на вечера со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро. Во делегацијата на бразилскиот претседател се наоѓал секретарот за односи со јавност Фабио Вајнгартен, кај кого беше потврдено присуство на коронавирусот.
Потоа медиумите јавија дека и Босонаро е позитивен на тестот за коронавирус.
*Поврзана вест: Претседателот на Бразил позитивен на коронавирус по вечерата со Трамп на која бил заразен член од делегацијата