Трамп, тврдејќи дека Палестинците би можеле да ги живеат своите животи во „мир и хармонија“ на друго место, додаде „САД ќе го преземат Појасот Газа и ние исто така ќе завршиме работа со него. Ние ќе го поседуваме и ќе бидеме одговорни за демонтирање на сите опасни неексплодирани бомби и друго оружје на локацијата“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат Појасот Газа – веројатно со помош на американските војници – додека Палестинците кои живеат таму треба да си заминат на друго место. Оваа изјава на Трамп е зачудувачки предлог што драматично ќе го преориентира Блискиот Исток и ќе доведе до дополнително раселување на население од повеќе од еден милион, пишува Си-ен-ен.
Трамп, кој претходно им се закануваше на Гренланд и Панама и сугерираше дека Канада треба да стане 51-та држава, ја додаде Газа во својата експанзионистичка агенда, тврдејќи дека таа може да стане „ривиера на Блискиот Исток“ и одби да ја исклучи можноста за испраќање американски војници за да го оствари тоа, пренесува британски „Гардијан“.
„Единствената причина зошто Палестинците сакаат да се вратат во Газа е дека немаат алтернатива. Тоа е моментално место за уривање. Ова е само локација за уривање. Практично, секоја зграда е урната“,
рече Трамп на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот вечерта во Белата куќа.
Трамп, тврдејќи дека Палестинците би можеле да ги живеат своите животи во „мир и хармонија“ на друго место, додаде „САД ќе го преземат Појасот Газа и ние исто така ќе завршиме работа со него. Ние ќе го поседуваме и ќе бидеме одговорни за демонтирање на сите опасни неексплодирани бомби и друго оружје на локацијата“.
„Ако е потребно, ќе го направиме тоа, ќе го преземеме тој дел, ќе го развиеме, ќе создадеме илјадници и илјадници работни места и тоа ќе биде нешто со што целиот Блиски Исток може да биде многу горд“,
додаде тој.
Подоцна и државниот секретар Марко Рубио во објава на Икс напиша дека САД се подготвени да ја водат и да ја направат Газа повторно убава.
„Нашата потрага е траен мир во регионот за сите луѓе“,
пишува Рубио.
Gaza MUST BE FREE from Hamas. As @POTUS shared today, the United States stands ready to lead and Make Gaza Beautiful Again. Our pursuit is one of lasting peace in the region for all people.
— Secretary Marco Rubio (@SecRubio) February 5, 2025
Објавата следи по предлогот на Трамп за трајно преселување на два милиони Палестинци кои живеат во Газа во соседните земји.
Трамп додаде дека разговарал со регионалните лидери и дека тие ја поддржуваат идејата. Запрашан кој ќе живее таму, Трамп рече дека тоа може да стане дом за „луѓето од светот“.
Нетанјаху, кој го пофали Трамп како „најголемиот пријател што Израел некогаш го имал во Белата куќа“, рече дека вреди да се обрне внимание на оваа идеја и додаде дека тоа е нешто што може да ја промени историјата, пишува „Гардијан“.
„Трамп размислуваше надвор од рамката со свежи идеи и покажува подготвеност да го пробие конвенционалното размислување“,
додава Нетанјаху.