Претседателот на САД, Доналд Трамп, бара одложување на претседателските избори во ноември наведувајќи ги ризиците од измама поврзана со гласање по пошта поради епидемијата на коронавирусот.
Трамп на својот твитер-профил вели дека гласањето по пошта … во 2020 година ќе биде најнеточко и со најголема измама во историјата.
„Ќе биде голем срам за САД. Одложување на изборите сѐ додека луѓето не можат да гласаат нормално и безбедно???“,
напиша тој.
Според американски медиуми, нема докази за широко распространета измама со гласање по пошта.
Датумите на федералните избори ги одредува Конгресот, а Уставот не предвидува одложување до инаугурацијата на претседателот на 20 јануари 2021 година.