Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, вчеравечер за иранската државна телевизија потврди дека договорот со САД е финализиран и дека официјално ќе биде потпишан во Швајцарија во петок. Со ова, како што рече, се укинува и поморската блокада на САД против Иран во Ормускиот Теснец
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат мироврен договор помеѓу САД и Исламската Република Иран и нареди прекин на поморската блокада на иранските пристаништа во замена за слободен проток на сообраќај низ Ормускиот Теснец.

„Договорот со Иран сега е завршен. Честитки до сите! Со ова целосно го одобрувам слободното отворање на Ормускиот Теснец, како и итното отстранување на поморската блокада на Соединетите Американски Држави. Бродови на светот, запалете ги вашите мотори. Пуштете ја нафтата да тече!“,
напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл.
Тој оцени дека ваквиот, како што го нарече, голем договор, ќе донесе мир и безбедност во целиот регион.
„Многу претседатели пред мене се обидоа да склучат мир со Иран, но не успеаја. Лидерите на регионот по првпат пронајдоа претседател кој може да им помогне да постигнат вистински мир. Со отворањето на теснецот по потпишувањето на договорот, нафтата повторно ќе тече од двата краја за регионот и за светот!“,
додава Трамп.
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, вчеравечер за иранската државна телевизија потврди дека договорот со САД е финализиран и дека официјално ќе биде потпишан во Швајцарија во петок. Со ова, како што рече, се укинува и поморската блокада на САД против Иран.
