Американскиот претседател истакнал дека не може да се замисли како поздравува претседатели, премиери, диктатори, кралеви и кралици во додека носи маска
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да носи заштитна маска, и покрај новата здравствена препорака до Американците дека треба да го направат тоа.
Како што пренесува Би Би Си, Трамп истакнал дека не може да се замисли себеси како поздравува претседатели, премиери, диктатори, кралеви и кралици во oвалниот кабинет додека носи маска.
Тој нагласи дека придржувањето кон препораката за носење заштитна маска, издадена вчера, е „доброволно“.
„Не морате тоа да го правите. Не мислам дека и јас тоа ќе го направам“,
изјави Трамп.