Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Кина за евентуални „последици„ доколку била „свесна за одговорноста“ за пандемијата на коронавирус.
Можеше да се запре во Кина пред да започне, а не беше, и сега целиот свет страда поради тоа
изјави Трамп.
Трамп се двоуми дали станува збор за грешка, која излегла од контрола или сето ова е направено намерно и додаде дека постои голема разлика меѓу тие две работи. Но, во секој случај Кинезите требале да го известат светот за можното ширење на коронавирусот.
Баравме порано да бидеме вклучени, но тие не сакаа. Мислам дека знаеја дека не беше добро и им беше непријатно. Тие рекоа дека спроведуваат истрага. Добро, ајде да видиме што ќе биде со нивната истрага. Меѓутоа и ние спроведуваме истраги.
вели Трамп.
Трамп ги доведе во прашање и официјалните кинески податоци за коронавирусот, укажувајќи дека таму стапката на смртност била 0,33 на 100.000 жители.
Според графиконот кој синоќа беше претставен на прес конференцијата во Белата куќа, во САД се евидентирани 11,24 смртни случаи на 100.000 жители, споредено со 27,92 во Франција и 42,81 во Шпанија.