Тој ги обвини поранешните и актуелни функционери на СДСМ кои се дел од платформата „Разговори за иднината во 12:05“ дека за малку ќе ја погребале партијата додека биле на функции, поради што актуленото раководство две години работи за повторно да ја консолидира
Во однос на пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска, лидерот на СДСМ рече оти се прашува дали можеби причина за нејзиното учество во Платформата е изјавата на актуелниот министер за одбрана Владо Мисајловски дека неговата претходничка на функцијата потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери иако надлежната комисија донела друга одлука
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ги повика претставниците на платформата „Разговори за иднината 12:05“ ако сакаат да ѝ помогнат на партијата, да се вклучат во кампањата за предвремените избори за градоначалник на Брвеница. Доколку не сакаат, тој им порача да му се тргнат од патот бидејќи ќе ги згази „како шлепер жаба“, алидирајќи на изјава на поранешниот премиер и претсетдател на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, упатена кон ВМРО-ДПМНЕ пред парламентарните избори во 1998 година.

Филипче упати грст жестоки критики кон дел од претставниците на Платформата, наведувајќи по име и презиме кој што направил или не направил додека бил на висока функција во Социјалдеморатскиот сојуз на Македонија.
Инаку, претседателот на СДСМ ваквите ставови ги кажа прашан за коментар на изјавите на поранешниот функционер на партијата Игор Ивановски дека не е за Македонија по секоја цена да влезе во Европската Унија и оти не се согласува дека уставните измени се единствениот услов за тоа, дадени во телевизиско гостување.
Според Филипче, Ивановски и, како што рече, групата околу него, кои беа дел од раководството на партијата, сега покажуваат други ставови од тие што ги имале претходно.
„Луѓето коишто очигледно молчеле кога Бујар Османи го образложувал францускиот предлог, Андреј Петров бил претседател, бил член на Извршниот одбор на партијата, што не кажал нешто тогаш за Европа? Зошто не кажал Андреј Петров, којшто е потписник на петиција за човек од ‘црна листа’ да излегува од притвор? Игор Ивановски, којшто беше член на којзнае колку управни одбори, десетина илјади евра имаше месечен приход и телефон на кој на никого не креваше, сега ќе кажува што требало да се прави со партијата“,
рече Филипче.
Во однос на пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска, лидерот на СДСМ рече оти се прашува дали можеби причина за нејзиното учество во Платформата е изјавата на актуелниот министер за одбрана Владо Мисајловски дека неговата претходничка на функцијата потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери иако надлежната комисија донела друга одлука.
„Да не излезе дека Дејвид Гета може вода да ѝ носи. И сега тие луѓе кажуваат што требало. Што не кажаа тогаш?“,
изјави Филипче.

Тој ги обвини поранешните и актуелни функционери на СДСМ кои се дел од платформата „Разговори за иднината во 12:05“ дека за малку ќе ја погребале партијата додека биле на функции, поради што актуленото раководство две години работи за повторно да ја консолидира.
„На издишување беше… и сега ќе кажуваат како треба. Кога кажуваат? Кога ги вадиме најголемите скандали на власта. Кој е наивен? Ќе ми носеле план. Каков план ќе носат? Таков како што го прави тој. Ич не треба да го носат. Еве видовме што направија. Или некој друг ако знаеа поинаку што не направи поинаку. Зошто не направи поинаку? Тежеле 150 000 гласови. Ни домашните не ги гласаа. Ги знам сите“, рече лидерот на СДСМ.
Филипче им порача на претставниците на Платформата оти многу добро знаат со кого си имаат работа и дека ќе победи политиката на актуелното раководство бидејќи, како што рече, е на исправната страна.
„Немаат работа со Венко Филипче од медиумите на Мицкоски и на Латас – убиец на деца, крадец, криминалец итн. Имаат работа со Венко Филипче којшто сè што работи, работи професионално, посветено, многу сериозно како што работам овде и најдобро што можам, исто како што сум работел и на Kлиниката за неврохирургија и во Министерството за здравство, така и тука, и да знаете дека ќе победиме, ќе победи нашата политика затоа што сме на исправната страна. А ако сакаат да се вклучат, еве сега имаме избори во Брвеница, еве ќе ги ставиме во распоредот, па нека помогнат, ако сакаат вистински да помогнат на партијата, ако нека ми се тргнат од патот затоа што ќе ги згазам као шлепер жаба, да ги потсетам на нешто од нивното време“,
изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
