Претседателскиот претставник на САД за Украина, Кит Келог вети дека ќе одржи индивидуални разговори со сојузниците во НАТО пред да го финализира долгоочекуваниот план за ставање крај на војната. Посочи дека ќе побара мислење за обликот на каков било мировен договор и за тоа што владите можат да придонесат за процесот
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го паузира мировниот план за Украина со цел на Европа да и даде место на преговарчката маса, пишува британски „Телеграф“.
Претседателскиот претставник на САД за Украина, Кит Келог вети дека ќе одржи индивидуални разговори со сојузниците во НАТО пред да го финализира долгоочекуваниот план за ставање крај на војната. Посочи дека ќе побара мислење за обликот на каков било мировен договор и за тоа што владите можат да придонесат за процесот.
Келог реле дека ќе ги води тие преговори со „премиери и претседатели“ од НАТО алијансата, на начин што ќе ги увери оние кои стравуваат дека Вашингтон ќе ги исклучи од разговорите. Во исто време, генералот Келог додаде дека ќе презентира елементи од мировниот план на Минхенската безбедносна конференција во Германија. Според британскиот „Телеграф“ дел од презентираните елементи ќе биде понуда за континуирана воена поддршка за Киев во замена за пристап до ретките минерални ресурси на Украина.
Европејците кои разговарале со генералот Келог добиле уверување и дека Вашингтон сака да ја зајакне позицијата на Украина во какви било идни преговори со Русија.
Претходно се пишуваше и дека пратеникот на Трамп за Украина ќе го претстави целосниот план на меѓународниот собир во главниот град на Баварија, објава што тој подоцна ја негираше.
Откако беше инаугуриран, претседателот на САД изјави дека ќе стави крај на војната меѓу Украина и Русија.
Сепак, таа амбициозна временска рамка пропадна кога на генералот Келог му беа дадени 100 дена да посредува за мировен договор откако беше назначен за специјален претставник на Трамп за Украина.