Доналд Трамп го именуваше сенаторот Џеј-Ди Венс од Охајо за свој кандидат за потпретседател. Трамп веста ја содели на социјалната мрежа „Truth Social“, посочувајќи дека одлуката ја донел по долго размислување.
„По долго размислување и разгледување, имајќи ги предвид огромните таленти на многу други, решив дека личноста која е најпогодна да ја преземе позицијата на потпретседател на Соединетите Американски Држави е сенаторот Џ.Д. Венс од Охајо“,
напиша Трамп.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS
Џ.Д. Венс важи за поранешен критичар на Трамп. Тој за време на раните фази од политичката кариера на Трамп, го сметаше за „тотална измама“, „морална катастрофа“ и „американскиот Хитлер“, пишува „Гласот на Америка“.
Светските медиуми пишуваат дека Венс подоцна го променил мислењето и бил награден за неговиот пресврт за време на неговата кандидатура за отворено место во Сенатот во 2022 година. Тој беше избран за сенатор и стана еден од најцврстите поддржувачи на агендата на поранешниот претседател „Да ја направиме Америка повторно голема“, особено за економијата, надворешната политика и имиграцијата.