Без да понуди никакви докази, Трамп изјави дека забележал промени во однесувањето на неговиот противкандидат, поради што се сомнева дека тој користи некакви лекови
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи тој и неговиот противкандидат на претседателските избори, Џозеф Бајден, да направат допинг-тест пред нивната прва дебата следниот месец.
Во интервју за весникот „Вашингтон егземинер“, Транп вели дека забележал ненадејно подобрување во јавните настапи на Бајден, што предизвикало сомнеж кај него.
На прашањето дали има некаков доказ дека неговиот противкандидат користи нешто, Трамп само кусо одговорил: „Јас сум прилично добар во овие работи“.
Бајден и Трамп ќе имаат три дебати пред изборите на 3 ноември – во Охајо на 29 септември, на Флорида на 15 октомври и во Тенеси на 22 октомври.
И во 2016 година, пред финалното ТВ-соочување, Трамп побара тогашната негова противкандидатка Хилари Клинтон да направи допинг тест бидејќи, како што посочи, нејзиното однесување се променило.