Во дебата на „360 Степени“, тема беше пакетот заснован на „Република Илинденска Македонија“ и дилемата дали е потрошен. Новинарката Оливера Трајковска зборуваше за реакциите на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
– Подготвена сум да речам дека процесот со Република Илинденска Македонија во овој момент е во индуцирана кома. Кој е тој доктор специјалист кој ќе утврди дека некои од виталните органи можат да функционираат и да се тргнат апаратите, а притоа да не го оштетат организмот? Веројатно има некакви повици и денеска, има некакви консултации, но тоа што е изненадувачки и малку дава основа да ја почекаме таа полемика е поведението на Ципрас – рече Трајковска.
Таа потенцираше дека тој не направил ниту еден чекор за да го брифира договореното решение, туку направил само брза телефонска акција со политичките лидери.
– Договорот е спакуван во Сунио, на договорот присуствувал и Нимиц. Таа е долгата 6-часовна средба. На крајот во изјавата на нашиот премиер таа се врзува со пакет во кој има ддв на процесот, а тоа значи дека низ името добиваме уште еден идентитетски елемент којшто претходно не беше момент којшто го разгледувавме – рече Трајковска.
Таа рече дека македонската страна ќе треба да го почека грчкиот премиер и неговата реакција, но потенцираше дека изгледа неверојатно повторно да се вратиме на ситуацијата од пред новиот предлог и повторно да се зборува за опсегот.
– Сега не гледам логика дека Ципрас би оставил шанса за подобар компромис и македонската страна, после ваква промоција на Република Илинденска Македонија, да може да се врати на дефиницијата за опсегот според грчките очекувања, а да можеме да најдеме решение на некое друго име. Можеби да, но не сега – рече Трајковска.