Кристијан Стојаноски во машка и Ивана Неделковска во женска конкуренција на натпреварувачи постари од 17 години се победници на Илинденскиот пливачки маратон, што традиционално по 43. пат се одржа денеска во водите на Охридското Езеро.

Првото место во групата до 16 години, пак, го освоија Никола Велковски во машка и Сара Јанковиќ во женска конкуренција.

Организатор на Илинденскиот пливачки маратон е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а се одржа под покровителство на Општина Охрид. Натпреварувачите пливаа од плажата „Горица“ до градското пристаниште во должина од 2,5 километри. На годинашната манифестација беа пријавени 44 пливачи, 29 во машка и 15 во женска конкуренција.
