Идејата и одлуката да се направи камена статуа е на познат хрватски претприемач, Ѓуро Хорват, која заедно со македонските претставници и со градоначалникот на Нова Градишка го откри споменикот
Во Нова Градишка, местото каде пред 14 години трагично го изгуби животот, откриен е споменик на Тоше Проески. На церемонијата, присуствуваа и амбасадорот на Северна Македонија и градоначалникот на Крушево, родниот град на Тоше.
Идејата и одлуката да се направи камена статуа е на познат хрватски претприемач, Ѓуро Хорват, која заедно со македонските претставници и со градоначалникот на Нова Градишка го откри споменикот.
Споменикот на големиот македонски пејач се наоѓа на шеталиштето, каде се наоѓаат и статуите на познатите жители на овој град Григор Витез, Иво Штивичиќ, Миро Гавран.
„Можеби ќе се чувствуваме тажни некое време, но после ова сите повторно ќе се гушкаме и ќе продолжиме понатаму. Затоа што животот продолжува“,
рече градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ.

„Споменикот нека биде на вистинското место, достапен за секого, затоа што Тоше не задолжи нас, и преку македонскиот народ, со кој долги години работиме, во областа на екологијата, заштитата на водите“,
рече донаторот Хорват.
„Ќе предложиме соработка во повеќе области, што значи раст и развој на двата града. Заедно ја продолжуваме мисијата на нашиот Тоше Тодор Проески“,
рече градоначалникот на Крушево, Томе Христовски.
„Неговата песна и идеја беше пред се универзална – идејата за љубов и мир, која стана вечност“,
рече Милаим Фетаи, амбасадор на Северна Македонија во Република Хрватска.
Камената статуа е дело на скулпторот Славко Буниќ.