Во продолжение ви ги претставуваме десетте најчитани вести од земјава и светот објавени на нашиот портал во 2024 година

Во целата 2024 година на вести, брзо и проверено информирање, се трудевме да ви ги овозможиме најважните домашни и светски наслови. Посветено, секој ден, екипата на „360 степени“ се трудеше да ги задоволи интересите на своите верни читатели и следбеници на социјалните мрежи за актуелните случувања. Отворивме многу чувствителни теми дома, како политички така и социјални.
Во продолжение ви ги претставуваме десетте најчитани вести од земјава и светот објавени на нашиот портал во 2024 година.
Среќна Нова 2025 година! Со искрени желби за многу здравје и успех и во новата година…
10 најчитани вести на „360 степени“ за 2024 година:

„Косово, прости ни“, напиша на Фејсбук поранешниот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, а неговиот сопартиец и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи побара итна одговорност од, како што вели, узурпаторите на албанското претставништво во Владата, по инцидент со претседателката на Косово, Вјоса Османи на скопскиот аеродром.
Автобус без светлечки број беше причина за физичка пресметка меѓу возач на ЈСП и патник

До вербална, а подоцна и до физичка пресметка дојде откако еден од патниците реагираше до возачот поради тоа што светлечката ознака за бројот на автобусот не работеше, туку беше напишан на обичен лист хартија. Кога влезе во автобусот, патникот го искина листот на кој беше испишан бројот 7 што го означуваше бројот на автобусот.

Во учебникот на издавачката куќа „Бигз школство“ во лекцијата со наслов „Европа, светот и српскиот народ во југословенската држава во периодот меѓу двете светски војни“, како илустрација е искористена сцена од филмот „Големиот диктатор“, во која Чаплин го толкува ликот на Адолф Хитлер.

„Во текот на вчерашниот ден на владина седница формиравме тело што треба да воспостави ред во високото образование во земјава. Ја задолживме министерката за образование и наука заедно со ова тело да излезе на терен и да направи анализа на сите универзитети и факултети и државни и приватни. Онаму каде што ќе констатираат недостатоци да им се даде разумен рок тие недостатоци да бидат отстранети. Доколку тоа не го направат, ќе бидат затворени“, рече премиерот.
Сиљановска-Давкова помилува пет осудени лица по повод Илинден

Петтемина осудени, се додава во соопштението, се помилувани во траење од два до четири месеци, што кај две лица довело до потполно ослободување од извршување на казната затвор.

Премиерот Мицкоски, на брифинг со новинарите, откри дека Владата работи на изнаоѓање партнер за финансирање модернизација на железничката линија од Коридорот 10. Со тоа просечната брзина за движење по трасата по Вардарската клисура би се зголемила на 110 до 120 километри на час. Мицкоски рече дека се многу блиску до договор со држава која би го финансирала овој проект, но не откри за која земја станува збор. „Многу сме блиску до договор со една држава која не е Кина, не е Русија, ниту Унгарија“, рече Мицкоски додавајќи дека кредитот би се отплаќал по 15 до 19 години, а Владата инсистира на подолгиот период.

Пендаровски смета дека Европската Унија не работи активно со Западен Балкан, како што тоа го правеа САД по терористичките напади на 11 септември 2001 г. Но, додава, САД го напуштија регионот и останаа само со „симболично дипломатско присуство“, а Европа не се вклучи доволно ангажирано.
Бугарски медиуми: Сиљановска-Давкова воодушевена од премиерата на Софиската опера и балет во Скопје

Никогаш не сум доживеала такво задоволство, толку долго, толку страсно. Ниче е во право кога вели дека без музика светот не би бил тоа што е. Мислам дека никој од нас не се чувствуваше уморен во тие пет часа, изјавила Сиљановска-Давкова за бугарските медиуми.

„Еден од сопствениците на ’4iG’ е најголемата воена индустрија од Германија, ’Рајнметал’ (Rheinmetall), којашто ги произведува, меѓу другото, тенковите ’леопард’. Така што, кога се спремаат да не напаѓаат треба малку повеќе да се спремаат од овие два оператора, повеќе да читаат и да не напаѓаат преку свои прокси-играчи во јавност, а мислам дека дури трошат време и енергија да не напаѓаат мене, премиерот Мицкоски, Владата, можеби е подобро да потрошат време и енергија да ги намалат цените и да дадат поевтини услуги на граѓаните“, вели Николоски.
(ВИДЕО) Ирански командоси се спуштија од хеликоптер и запленија брод поврзан со Израел

Официјален претставник на иранската одбрана сподели видео на кое се гледаат командоси како слегуваат од хеликоптер на контејнери на палубата на бродот. Се слуша како член на екипажот во авионот вели: „Не излегувај“.