„Во текот на вчерашниот ден на владина седница формиравме тело што треба да воспостави ред во високото образование во земјава. Ја задолживме министерката за образование и наука заедно со ова тело да излезе на терен и да направи анализа на сите универзитети и факултети и државни и приватни. Онаму каде што ќе констатираат недостатоци да им се даде разумен рок тие недостатоци да бидат отстранети. Доколку тоа не го направат, ќе бидат затворени“, рече премиерот
На две места каде што бев, и во Вашингтон и во Лондон, каде што имав можност со мои колеги од соседството да разговарам и едните, и другите, и третите ми кажаа дека кај нас за еден ден се добиваат дипломи. Тоа им прави проблем во нивните држави. Се срамам. Тоа повеќе не може да се случува, особено што доаѓам од високото образование. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање до каде се најавените реформи во високото образование, на што тој рече дека ќе се затвораат сите факултети и универзитети што не ги исполнуваат условите за работа, односно оние што нема да ги отстранат недостатоците во функционирањето.

„Во текот на вчерашниот ден на владина седница формиравме тело што треба да воспостави ред во високото образование во земјава. Ја задолживме министерката за образование и наука заедно со ова тело да излезе на терен и да направи анализа на сите универзитети и факултети, и државни и приватни. Онаму каде што ќе констатираат недостатоци, да им се даде разумен рок тие недостатоци да бидат отстранети. Доколку тоа не го направат, ќе бидат затворени“,
вели тој.
Според него, сите високообразовни институции што нема да ги отстранат недостатоците ќе останат без акредитација, односно ќе ја загубат лиценцата или дозволата за работа.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на почетокот на месецот најави ревизија на легалното работење на многубројни универзитети. Посочи дека оние универзитети што работат спротивно на законот нема да можат да постојат и понатаму, додека тие што работат легално и што продуцираат квалитетен кадар, не треба да се плашат и оти и понатаму ќе можат да работат.
Ќе има реевалуација на високообразовните установи. Секој што исполнува услови – со среќа, секој што не исполнува услови ќе мора да се помири со судбината“,
рече таа.
Според неа, мора да се отвори дискусија дали на државата и се потребни 20 факултети по правни науки или пет факултети по медицина.