Расчистување на случајот со масовното прислушување, но и на случаите на злоупотреба на моќ и јавни пари што произлегоа од содржината на прислушуваните разговори е само една од задачите што треба да ги заврши Македонија до следниот јуни кога земјите-членки на ЕУ ќе треба да решат дали и кога би се одржала првата меѓувладина конференција како официјален почеток на пристапните преговори. Дали и како напредува земјава во исполнување на поставените услови е темата на која Владимир Мирчески разговараше со амбасадорот на една од двете највоздржани земји-членки, Франција, Кристијан Тимоние.
Амбасадоре, 4 месеци по заклучоците на Советот на ЕУ како како го оценувате процесот на исполнување на критериумите за закажување на првата меѓувладина конференција?
Веќе сме далеку од тие месеци што поминаа и добиваме впечаток дека земајата напредна во една многу важна етапа со усвојувањето на првите одлуки кои, се надеваме, ќе овозможат уставни измени и усвојување на Преспанскиот договор. Тоа е многу важна политичка етапа – и најверојатно ќе стане збор за промена на политичката клима. Потоа, има втора важна етапа, а тоа откако ќе се отстрани грчкото вето, најверојатно ќе треба да се забележат одредени напредоци во спроведувањето на реформите зашто токму врз база на тој извештај за напредокот што ЕК ќе го изготвува во април ќе бидат донесени одлуки.
Останува нејасно дали резервираноста на Франција на јунскиот самит беше од принципиелни причини или поради внатрешно-политички калкулации на претседателот Макрон во пресрет на европските избори догодина?
Не станува збор за две различни работи зашто вистинското прашање е дали овие земји се подготвени да влезат во процес на преговори и дали јавното мислење во нашите земји смета дека овие држави успеали да решат одреден број проблеми без разлика на тоа дали станува збор за проблеми од меѓународно опкружување – вие веќе сте во процес на решавање на проблемот со Грција, а го решивте со Бугарија, но исто така, и јавното мислење кај нас да знае дали внатрешно-политичкиот живот е стабилизиран. Од една страна зборуваме за стари работи, но ќе споменеме што се случи на 27 април и за сликата што беше пратена надвор од земјата и француската влада особено ги зема предвид големите европски состанови од кои ќе зависи иднината на Европа со легитимно право го зема во предвид јавното мислење во државата, но и посебните заслуги што ги преземаат владите. Значи, нема две прашања, туку само едно и дали самите земји се подготвени.
Едно дополнување – политичарите треба да носат одлуки, независно од јавното мислење. Ако политичарите прво се раководеа од јавното мислење, тогаш некои сегашни членки на ЕУ воопшто и немаше да станат членки.
Француската влада, која е демократска, ќе треба на реален начин да го земе во предвид јавното мислење зашто во спротивно ќе се најдеме во ситуации кои беа карактеристични за некои земји, а беа тешки и го доведуваат во прашање дури целиот процес на европска изградба.
Околу проширувањето – како го објаснувате фактот дека Србија, која очигледно има надолни демократски процеси, преговара со ЕУ без притоа Париз да има забелешки, а е воздржан за Македонија?
Нема посебни случаи – Србија во однос на другите, туку се гледаат сопствените заслуги и станува збор за посебни состојби за секоја зенја. Секоја земја претставува посебна состојба.
Дали владата во Париз го гледа само случајот на Македонија, или го гледа во пакет со Албанија?
Генерално, прашањата се поврзани во размислувањето, но сепак во тие рамки на Западен Балкан јас повеќе сакам уште отсега да кажам Југоисточна Европа, овие земји веројатно се поврзани зашто има повеќе допирни точки како што се правната држава, реформата на судството, прашањата поврзани со корупција, а понекогаш и прашања поврзани со евентуална промена на односите меѓу овие држави и сите овие прашања се набљудуваат на глобално ниво зашто од една страна постои глобалниот стратешки интерес, а тоа е интеграција на Југоисточна Европа во ЕУ и претседателот Макрон кажа дека тоа е цел на нашата надворешна политика, односно сите земји од Југоисточна Европа да бидат интегрирани во ЕУ која ќе биде реновирана. Тоа е друга идеја што ја имаме на ум заѓто европскиот систем е таков каков што е – со тоа се надоврзувам на вашето претходно прашање дека европскиот систем е таков каков што е и не ќе може да функционира со дополнителни 6 земји поради потешкотиите во функционирањето што и сега постојат. Затоа, од една страна треба вам да ви се даде време за да ни се приклучите, но и нам да ни дадете време да решиме одредени прашања кои вашето приклучување би го направиле неоперативно, а можеби дури и опасно за системот таков каков што е, зашто не треба да се влезе во систем што е доста кревок, туку ќе треба претходно тој систем да се зајакне. Тоа е размислувањето што постои кај нашите власти, но исто така, таков став може да биде еднаков за сите други земји зашто не станува збор да се спречи една држава, туку целото проширување да се случи во добри услови.
Зошто во период кога речиси сите претставници на меѓународната заедница избегнуваат да се сретнат со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вие се среќавате со Христијан Мицкоски. Дали позициите на актуелното раководство на опозицијата се прифатливи за вас како француски амбасадор во Македонија?
Мислам дека немаме ист концепт за дипломатијата. За мене како дипломат, дипломат е некој кој треба да разговара со сите политички сили, особено оние што се претставени во собранието и сите оние кои можеби имаат капацитет да одиграат позитивна улога. Тоа е впрочем она што ние го бараме од ВМРО.
На почетокот рековте дека ви е мило од напредокот направен во имплементацијата на Преспанскиот договор, но очигледно е дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ е против имплементирањето на овој договор.
Тоа е дополнителна причина со него да се разговара.
Ви благодарам.
Напишете коментар