Жената е осомничена дека направила над пет измами на граѓани во Гостивар, Тетово и Скопје – им земала пари лажно ветувајќи им работни визи
Полицијата привела две жени во Гостивар од кои едната се сомничи дека лажела граѓани дека ќе им обезбеди работни визи за Германија.
Станува збор за 41-годишна тетовка, која престојувала кај 26-годишна девојка во гостиварско Србиново.
„Тетовката, која во Гостивар престојувала кај Ф.Б. (втората приведена), е осомничена дека минатата и оваа година на подрачјето на Гостивар, Тетово и Скопје извршила над пет измами, лажно ветувајќи им на измамените дека ќе им обезбеди работни визи за Германија, за што им побарала и добила одреден паричен надоместок“,
соопшти МВР.
И таа и девојката кај која престојувала во Гостивар се задржани во полициска станица за целосно расчистување на случајот, а потоа од МВР најавуваат дека ќе поднесат критична пријава против тетовката за делото измама.
Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN