Починатите се со хронични болести, како и најмладата пациентка која се соочувала со дијабетес и прекумерна телесна тежина, информира д-р Гзим Нуредини
Во последните 24 часа во ковид-центарот во Тетово починале седум пациенти, меѓунив и 19-годишна девојка, потврди за МИА, координаторот на ковид-центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини.
Останатите починати пациенти се на возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години.
„Починатите се со хронични болести, како и најмладата пациентка која се соочувала со дијабетес и прекумерна телесна тежина. За тие 24 часа бележиме 15 нови примени на болничко лекување, како и 192 амбулантски прегледи. Вкупно сега има 111 на болничко лекување, меѓу кои шест пациенти со една доза и само еден со две дози примена вакцина“,
рече д-р Нуредини.
Вчера во Тетово имаше четири починати, со што во текот на пандемијата достигна бројка од 341 починати поради ковид-19. Од вчера во Клиничката болница Тетово за болничко лекување почна да се користи и третиот кат од интернистичкиот блок покрај модуларна болница, инфективно одделение и два ката од интерно одделение.