Според очевидци, во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина
Едно лице загина, а неколкумина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи околу 19 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, јави МИА.
Според очевидци, во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина. Бегајќи од полицијата тие првин удриле во едно возило и педесетина метри потоа излетале од патот и се забиле во ѕид.
Покрај автомобилот, како што се пренесува, седеле и лежеле неколку лица, најверојатно мигранти.
На местото на несреќата има силно полициско обезбедување, противпожарно возило и возило на Итната медицинска помош.
Сообраќајот кон Струмица се насочува по стариот пат од Василево до градот.