Уште една жртва на ковид-19 од лекарската фела, јавува Телма. На 50 годишна возраст денеска починал д-р Владимир Евтимовски, радиолог во Клиничката болница во Тетово.
Тој за кратко време ја изгубил битката со болеста. Симптомите ги почувствувал во понеделникот, а позитивен тест добил следниот ден. Состојбата нагло му се влошила по што бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, а денес починал. Имал неколку хронични заболувања, срцева слабост, ХОБС и обезитет.
Д-р Евтимовски веќе две децении бил дел од јавното здраватво.