Наместо редовната програма, на екранот со црна заднина пишува „Мрак во Србија без слободни медиуми“
Српските телевизии Нова С и Н1 од полноќ на 6 декември не ја емитуваат својата програма во Србија.
Наместо редовната програма, на екранот со црна заднина пишува „Мрак во Србија без слободни медиуми“.
Двете телевизии кои работат во рамките на „Јунајтед медиа“ го објавија истиот натпис на своите социјални мрежи и притоа не ги наведоа причините за ваквиот потег.
Причините за оваа одлука на медиумите засега не се објавени во јавноста.