Компанијата се соочува со зголемен надзор во врска со својот полуавтоматски систем за возење по серија неодамнешни несреќи
Двајца мажи загинаа откако возило „тесла“ удри во дрво и се запали.
Несреќата се случила во саботата вечерта во Тексас, а она што е специфично е што полицијата соопшти дека на возачкото место немало никој.
Возилото „тесла“ од моделот С 2019 се движело со голема брзина и не успеало да сврти во кривината и излетало од патот.
По гаснењето на пожарот, едната жртва е пронајдена на совозачкото седиште, додека другата била во задниот дел.
„Тесла“ се соочува со зголемен надзор во врска со својот полуавтоматски систем за возење по серија неодамнешни несреќи.
Акциите на компанијата утрово на берзите паднаа за речиси 2 проценти.