Наградата за албум на годината на Свифт, четврта за неа во оваа категорија со што влезе во историјата, ѝ ја додели музичката икона Селин Дион, која од неодамна престана со настапите откако ѝ беше дијагностицирано ретко невролошко заболување
Жените владееја со овогодинешното издание на музичките награди „Греми“ на кое главните награди отидоа кај Тејлор Свифт, Били Ајлиш, Солана Имани Роув – позната под уметничкото име СЗА и Мајли Сајрус. Вака британски „Гардијан“ го почнува својот осврт на музичкото шоу кое се одржа синоќа во Лос Анџелес.

А на него Свифт влезе во историјата како прв изведувач кој по четврти пат ја освоил наградата за албум на годината, за изданието од 2022 година „Midnights“. До синоќа таа овој рекорд го делеше со Стиви Вондер, Френк Синатра и Пол Сајмон, кои имаа по три награди „Греми“ во оваа категорија.
„Би сакала да ви кажам дека ова е најсреќниот момент во мојот живот, но еднакво среќна се чувствувам и кога ќе завршам нова песна, правам проби и се подготвувам за концерт. За мене наградата е работата. Сè што сакам е да продолжам да го правам ова“,
изјави Свифт.
Претходно во текот на вечерта, додека ја примаше наградата за најдобар поп-албум, таа се пошегува.
„Во ред, ова е моето 13. ‘Греми’, што е мојот среќен број, не знам дали некогаш сум ви го кажала тоа“,
рече пејачката, која ја искористи можноста да го најави нејзиниот нов 11. по ред албум „The Tortured Poets Department“, кој треба да излезе на 19 април.
Оваа година Свифт беше номинирана во шест категории за престижната музичка награда – за албум на годината, песна, видеоспот на годината, соло поп-изведба, под-дует или групна изведба и поп-вокален албум.
Наградата за албум на годината ѝ ја додели музичката икона Селин Дион, која од неодамна престана со настапите откако и беше дијагностицирано ретко невролошко заболување.
Таа беше поздравена со овации кога се појави на сцената.
„Кога велам дека сум среќна што сум тука, навистина го мислам тоа од срце“,
рече Дион.
Оваа година таа имаше шест номинации за престижната награда „Греми“: За албум на годината, песна, видеоспот на годината, соло поп-изведба, поп-дует или групна изведба и поп-вокален албум.
За песна на годината е прогласена баладата „What Was I Made For?“ од саундтракот за филмот „Barbie“, во изведба на Били Ајлиш, додека пак, Мајли Сајрус доби „Греми“ за видеоспот на годината, за песната „Flowers“. Ар-ен-би и поп-пејачката Викторија Моне е прогласена за најдобра нова изведувачка.

Инаку, најмногу номинации на овогодинешните награди „Греми“ имаше СЗА, а освои три награди.
„Дојдов навистина, навистина далеку и не можам да верувам дека ова се случува“,
рече таа за време на емотивниот говор за најдобра ар-ен-би песна.
Раперот Килер Мајк (Killer Mike) освои три награди, вклучително и за најдобар рап-албум.
Тој во пред телевизискиот дел од вечерта беше изведен надвор арената од припадници на полицијата на Лос Анџелес со лисици на рацете. Според „Холивуд репортер“, причината за тоа наводно е прекршочна пријава од истата вечер за која деталите допрва треба да се потврдат.

Музичкото шоу во Лос Анџелес почна со настапот на Дуа Липа, а на вечерта со свои изведби белег и дадоа и повеќе музички легенди, како Трејси Чепмен кој по првпат настапи во јавност од 2009 година.
На 80-годишна возраст настапи и Џони Мичел. Најавувајќи ја на сцената, Бренди Карлајл ја нарече „една од највлијателните и емотивно најдарежливите творци во историјата на човештвото“. Мичел ја доби и наградата за најдобар фолк албум.
Кајли Миног го освои своето второ „Греми“, освојувајќи ја инаугурациската награда за најдобра снимка за поп-танц за „Падам падам“ победувајќи ги Бебе Реџа и колегата од Австралија, Троја Сиван.
Меѓу другите жени победници на вечерта беа Лејни Вилсон за најдобар кантри-албум, Карол Џи за најдобр албум за урбана музика, Лауфеј за најдобар традиционален поп-вокален албум и Коко Џонс за најдобра ар-ен-би изведба.

Наградите „Греми“ се доделуваат во повеќе од 90 категории, а победниците ги избираат музичари, продуценти и други лица членови во американската Национална академија за музички науки и уметности.