Реакцијата на иранските власти следува откако американскиот претседател Доналд Трамп се премисли и најави дека ќе го продолжи примирјето со Иран сè додека Техеран не поднесе предлог за траен прекин на конфликтот
Продолжувањето на примирјето од страна на американскиот претседател Доналд Трамп е трик за купување време за ненадеен удар – изјави претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамед Бакер Калибаф откако Трамп објави дека САД го продолжуваат прекинот на огнот.

Тој во објава на социјалните мрежи изјави дека потегот на САД да продолжат со блокадата на иранските пристаништа не се разликува многу од бомбардирањето и затоа, како што рече, мора да има воен одговор.
Неколку часа откако рече дека нема намера да го продолжува прекинот на огнот, американскиот претседател Доналд Трамп се премисли и најави дека ќе го продолжи примирјето со Иран сè додека Техеран не поднесе предлог за траен прекин на конфликтот. Трамп додаде дека ѝ наредил на американската војска да продолжи со блокадите и да остане подготвена во секој поглед.
